Кошаркарите на МЗТ го освоија завршниот турнир во Купот на Македонија кој изминатите денови се играше во Кавадарци. МЗТ во финалето го победија најголемиот ривал Работнички 76:67 (17:14, 16:17, 21:17, 22:19). МЗТ деветти пат го освои Купот и на вечната листа се израмни со Работнички.

МЗТ подобро го одигра финалето, во најголемиот дел од мечот го контролираше резултатот, а победата ја обезбеди на 90 секунди до крајот кога Соколов постигна тројка. Работнички добро парираше но без Гијнард не успеа да ја оствари посакуваната цел.

Трајковски со 18 поени и 8 скока, односно Соколов со 17 поени, 6 скока и 4 асистенции го предводеа МЗТ, во чии редови довцифрен број на поени постигнаа уште и Стојановски (15) и Крафорд (12).

Ветаранот Мираковски за Работнички постигна 24 поени, а Чековски уфрли 17 поени на кои придодаде 7 скока.