Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со победа го почнаа циклусот контролни натпревари пред стартот на новата сезона. Тие денес, како гости, го совладаа тимот на Гостивар (75-69). Добрата игра во првата четвртина, во која МЗТ бргу стигна до двоцифрена разлика, го одреди текот на натпреварот.
Американецот Џејмс Вудард со 17 поени беше најефикасен во составот на МЗТ Скопје Аеродром, додека Андрија Бојиќ и Андреј Магдевски реализираа по 11 поени.
МЗТ следните два пријателски дуела ќе ги одиграат веќе в петок и в сабота и тоа на домашен терен против бугарскиот шампион Левски Лукоил.