Top Sport

МЗТ го загуби дербито на дното по „колапсот“ во финишот против Морнар

МЗТ Скопје Аеродром останува на последното место во регионалната АБА-лига, откако пропушти голема шанса во дербито на последнопласираните да го совлада Морнар од Бар и на крајот загуби со 93:84 (27:26, 19:20, 22:22, 25:16).

Во поголемиот дел од мечот „металците“ беа израмнете противник, одржувајќи го темпото со домаќините, за во дозволат во последната четвртина Морнар да ја преземе контролата и да стигне до важна победа во борбата за опстанок, така нарушувајќи го ритамот на МЗТ по импресивната домашна победа над Цедевита Олимпија.

Абдул Малик Абу беше најефикасен кај МЗТ со 20 поени, Кеандре Кук додаде 17, додека кај Бар, Марко Пецарски беше убедливо најдобар со 24 поени.

Фото: АБА лига

Scroll to Top