Со фантастични 17 погодени тројки, МЗТ Скопје стигна до 80:74 победа над Блокотехна за да поведе со 1:0 во полуфиналето од плеј-оф серијата.
Марко Симоновски имаше фантастични 9 тројки од 13 обиди и со 27 поени ги предводеше „металците“ до домашна победа за актуелниот шампион да тргне во претепоследниот чекор од одбраната на титулата.
И покрај одличната партија, Блокотехна постојано беше блиску до МЗТ, надминувајќи ги -5 од првата четвртина за во последната да влезе со поен разлика (57:58). Бојан Трајковски додаде 17 поени, додека кај Блокотехна најдобар беше Ѓуроски со 21 поен.
Во второто полуфинале од плеј-офот, Работнички игра со Куманово, а првиот меч е утре, додека в петок МЗТ ќе гостува во Гевгелија.
ПЛЕЈ-ОФ, ПОЛУФИНАЛЕ
(1:0) МЗТ Скопје – Блокотехна 80:74
(0:0) Работнички – Куманово утре
Фото: МЗТ Скопје