Top Sport

МЗТ ја одбрани шампионската титула

Кошаркарите на МЗТ ја одбранија шампионската титула во домашното првенство. МЗТ, финалната серија против Пелистер ја добија со 3:1. Четвртиот меч од серијата, во Битола, им припадна на кошаркарите на МЗТ со 103:92.

МЗТ ја освоија деветтата титула во последните 10 години, со што уште еднаш ја потврдија доминацијата во националното првенство.

МЗТ го контролираше исклучително ефикасниот натпревар од првата до последната минута. Пелистер во третиот период фати приклучок, дојде на два поени негатива, но МЗТ го одби тој напад повторно ја врати двоцифрената предност со што си го трасираше патот до победата.

Милошевиќ го предводеше МЗТ со 31 поен (3/3 за три, 8/10 за два), Војдан Стојановски и Рикиќ постигнаа по 17 поени. Кај Пелистер подобри од останатите беа Малешевиќ со 21 поен и осум скока, Кесар со 19 и Младеновиќ со 15 поени.

Фото/ kfsm.mk

Scroll to Top