Top Sport

МЗТ ја прекина соработката со тренерот Радуловиќ

Дарко Радуловиќ повеќе не е тренер на МЗТ Скопје Аеродром. Клубот денеска ја раскина соработката со Радуловиќ.
Главна причина за ваквата одлука на управата на клубот е поразот во финалето на Купот од ТФТ (66-80).

Радуловиќ во МЗТ дојде пред почетокот на минатата сезона како помошник на Ѓорѓи Кочов, по чие заминување стана прв тренер. На Радуловиќ му заблагодаруваме на сѐ што стори за нашиот клуб и му посакуваме сѐ најдобро во понатамошната кариера.

Челниците на МЗТ ќе имаат доволно време да ангажираат нов тренер, бидејќи поради репрезентативните натпревари, во домашноот првенство има пауза од две недели.

Извор/ mztskopjeaerodrom.mk/

Scroll to Top