МЗТ можеби сепак нема да се врати оваа сезона во првата дивизија на АБА лигата. Приморска изминатиот период најави дека ќе се откажа од учеството поради лошата финансиска ситуација. Место на клубот од Словенија требаше да го пополни МЗТ меѓутоа според новинарот на Спортандо, Емилијано Карчи, Приморска ќе остане во лигата.
Според овој извор клубот Словенците успеале да најдат нов спонзор кој ќе ги стабилизира нивните финансии. Повеќе детали околу целата ситуација нема, но веројатноста е дека во целтата ситуација ќе извиси МЗТ.