Top Sport

МЗТ не се „дава“, поведе со 2:1 против Блокотехна

Шампионот останува во лов за нова титула, откако МЗТ Скопје успеа да го добие третиот меч против најголемото изненадување оваа сезона, Блокотехна, победувајќи ги со 89:72 во Скопје за водство од 2:1 во полуфиналната серија, што значи дека со уште еден триумф се во големото финале.

Гостите поведоа на стартот на натпреварот, но МЗТ успеа да се врати со одлична серија и да поведе со 13:8, а разликата беше и поголема, пред на полувреме да се отиде со 43:31 предност за „металците“.

МЗТ не дозволи пад на концентрацијата во второто полувреме, и ја одржуваше предноста на десетина поени, за рутински да го доведат мечот до 89:72.

МЗТ беше предводен од Бојиќ сп 22 поени, Дарко Соколов додаде 15, а Дамјан Стојановски 13, додека кај Блокотехна најефикасен беше Мијатовиќ со 17 поени, откако првата ѕвезда на гевгелискиот тим, Двејн Бенџамин го повреди скочниот зглоб во финишот на натпреварот.

Фото: МЗТ Скопје

Scroll to Top