МЗТ Скопје, конечно, запиша победа, откако на гостувањето во Охрид во прволигашки дуел го совлада домаќинот со 77:62, за крај на лошата низа на македонскиот шампион.
Иако резултатот на прв поглед не изгледа убедливо, „металците“ имаа предност во текот на целиот меч за на полувремето да имаат минимална 40:35 предност.
Дамјан Стојановски постигна 19 поени, Трајковски додаде 15, а Минчев 12 за шампионот, додека кај домашниот тим, Рос Кенет беше најуспешен со 25 поени.