Top Sport

МЗТ немаше сили за сензација против Црвена Звезда

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со пораз (87:67) од Црвена Звезда го отворија новото издание на АБА – лигата. По четити години повторно се во елитата и јасно е дека победи ќе бараат против останатите екипи, со оглед дека „црвенбо-белите“ се дел и од Еврогата и имаат моќен тим. Тимот на Александар Петровиќ не беше комплетен поради повреди, па првиот настап може да се оцени и како солиден.

Двете екипи нервозно го почнаа мечот, а Црвена Звезда го доби првиот период со 13:9. Во вториот веќе „нагази“ и на полувреме замина со двоцифрена предност (39:22).

До крајот, Црвена Звезда рутински го одржуваше водството и славеше очекуван триумф.

Најефикасен во победничкиот тим беше Џејлен Адамс со 16 поени, додека Војдан Стојановски беше прв стрелец на мечот со 17 постигнати кошеви. Одличен во тимот на МЗТ беше и Бојан Крстевски со 14 поени.

Scroll to Top