Кошаркарите на МЗТ загубија од Задар 80:85 (15:18, 24:21, 24:22, 17:24) во последниот натпревар од третото коло во регионалната АБА лига. МЗТ по победата над Партизан во првото коло, го забележа вториот пораз, додека за Задар ова беше прва победа во новата сезона.
Пресметката на две, според квалитет, израмнети екипи, беше решен во последната минута кога при водство на МЗТ 80:78, гостите од Задар го заклучија со серија од седум поени.
МЗТимаше шанса, но наколку пати не успеа да го прекрши мечот на своја страна. Лалиќ и Гарсија, со помош на Стојановски не беа доволни да се скриши отпорот на мотивираните и борбени гости од Задар.
МЗТ, како и на натпреварот со ФМП, потвфрли во одбраната. Избраниците на Александар Тодоров, не успеаја да воспостават контрола во скокот, лошо го бранеа централниот пик, а згоа на тоа му дозволија на Американецот Ноулс да влезе во шутерски ритам во второто полувреме.
Ниту нападот не функцинонираше, МЗТ постигна 80 поени, но имаше и 20 загубени топки.
Особено лошо МЗТ делуваше во решавачките моменти кога со поените на Стојановски на 72 секунди до крајот имаше предност 80:78.
Лошата игра во одбраната потоа му дозволи на Шпраља да постигне тројка, во двата напади МЗТ загуби две топки, а потоа Ноулес стави точка на мечот.
Лалиќ со 23 поени и 4 скока, односно Гарсија со 15 поени, 3 скока и 2 асистенции го предводеа МЗТ, додека кај Задар се истакнаа Божиќ кој ги одигра сите 40 минути и забележа 16 поени, 9 скока и 4 асистенции што му донесе индекс од 32. Најефикасен беше Ноулес со 25 поени.
Во наредното коло во АБА лигата МЗТ на 16.октомври гостува кај Игокеа. н.ц.