Top Sport

Тодоров: Тежок пораз, на секој меч правиме нова глупост

Тренерот на МЗТ Александар Тодоров не го криеше разочарувањето по поразот од Задар во „Јане Сандански“ 80:85. На прес конференцијата и тој и центарот Јуре Лалиќ рекоа дека лошата одбрана е причина за поразот.

„Тежок пораз за нас бидејќи е пораз од директен конкурент во борбата за опстанок или за последните четири пет места на табелата“, рече Тодоров.

„Одбраната е процес за кој е потребно време. Тешко е да вклопиш 12 нови играчи, а тука 10 се нови играчи. Имаме проблем со бранењето на централниот пик, така ги примивме четири од последните седум поени. Секогаш имаме проблем кога противникот игра агресивна одбрана. Премногу лесно губиме топки, денес загубивме 20, од двајца играчи загубивме девет топки. Ако имате 20 загубени топки, тоа е да не речам аматерско, туку едно полуаматерско ниво. Имавме проблеми со уфрлувањето на топката, требаше тоа да го прави Трајковски, но тој имаше проблеми со личните грешки. Очигледно е дека на секој меч сме способни да направиме некоја нова глупост“, дополни тренерот на МЗТ.

Јуре Лалиќ беше најдобриот играч на МЗТ на овој меч, кој го заврши со 23 поени и 4 скока.

„Не одигравме добар натпревар. Тренерот не предупредуваше на нивниот Американец дека не смееме да дозволиме да влезе во ритам дека потоа тешко ќе можеме да го запреме. Мислам дека клучот беше во одбраната, постигвме 80 поени дома и тоа треба да е доволно за победа, но ние не се браневме добро, не скокавме добро, тука сум и јас виновен. Сега мора да се насочиме кон другите натпревари, не смееме да се предадеме има уште 19 натпревари до крајот и ќе мора да исправиме некои работи за да изгледаме подобро“, рече по мечот центарот Лалиќ. н.ц.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top