Top Sport

МЗТ повторно подобри од Работнички

Актуелниот шампион, МЗТ Скопје Аеродром повторно беше подобар од својот најстар и најлут ривал Работнички, стигнувајќи до 83:89 „гостинска“ победа, нивна шеста едноподруго во Првата лига, доближувајќи се до лидерот Пелистер.

Бранителот на титулата МЗТ Скопје Аеродром успеа да го совлада одличниот Работнички со 83-89 во 158. вечно македонско кошаркарско дерби кое се одигра во СРЦ „Кале“. Работнички, во изменет состав и играчки и тренерски, уште на стартот му стави до знаење на фаворитот дека нема намера лесно да се предаде и ефикасната прва четвртина ја затвори со предност (29:26).
До истекот на 20.минута, аеродромци ја сведоа негативата на минимална (46:45). Едвин стигна до 22 реализации, а другото ново-старо лице во тимот од „Градски парк“ Стефан Балмазовиќ, дојде до 11.


Средишниот дел од третата четвртина донесе многу поефикасна игра на гостинската екипа. Почнаа да погодуваат од далечина „сино-белите“. Преку капитенот Дамјан Стојановски, кој казни серија на неколку нивни грешки, и серијата од (13-0), се одвоија на (66:58), по нецели 28.минути од играта во дербито на 17.коло.

Со тројката на Николов, гостите отидоа на двоцифрена разлика (58:68). Сепак, за две минути избраниците на тренерот Игор Михајловски направија мини-серија (7:0) и стигнаа на само еден поен негатива (71:72), и го натераа новот тренер на „металците“ Александар Петровиќ на брз „тајм-аут“.

Подоцна се разиграа Мекиќ и Милошевиќ и донесоа водство (74:82) за МЗТ Скопје Аеродром на неполни три минути пред крајот на дербито во СРЦ „Кале“.

Работнички се доближи (80:82), но на крајот гостите ја одбранија предноста и со ефект (14-3) го задржаа чекорот со лидерот Пелистер.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 17. КОЛО

Работнички – МЗТ Скопје Аеродром 83:89

МЗТ Скопје Уни Банка – Навико Академија ФМП 63:84

Ангели – ТФТ 54:77

Еуро Никел 2005 – Кожув 96:75

Гостивар – Феникс 2010 78:63

7. МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК):
18.30: Куманово 2009 – Пелистер

Фото: КК МЗТ Скопје Аеродром

Scroll to Top