МЗТ Скопје Аеродром е прв учесник во полуфиналето на 30. издание на завршниот турнир „Благоја Георгиевски-Буштур“ кој денеска стартуваше во салата на СРЦ „Кале“. Во првиот натпревар на турнирот МЗТ го победи Кожува со 80:68 (28:18, 21:15, 16:12, 15:23).
МЗТ како фаворити влегоа во пресметката со Кужув и во целост ја оправдаа улогата која им беше доделена. Кошаркарите на МЗТ имаа двоцифрена предност по првата четвртина, на полувреме водеа со 16 поени разлика, а прашањето околу конечниот победник го решија по три четвртини кога стекнаа предност од 20 поени.
Кожув во последниот период успеа да го ублажи порзот.
Дамјан Стојановски и Вер реализираа по 19 поени, покрај овие двајца двоцифрен беше и Миќовиќ (16 поени, шест скока). Кожув во своите редови го имаше најефикасниот играч на мечот Мајрон Гордон кој постигна 27 поени.
МЗТ Скопје во полуфиналето ќе игра со подобриот од натпреварот меѓу ТФТ и Работнички.
Фото/ kfsm.mk