Top Sport

МЗТ рутински го победи Работнички

Актуелниот шампион МЗТ, во Кале, го победи Работнички со 73:59. Ова е втор триумв на „штрковите“ од почетокот на сезоната над вечниот ривал, откако претходно славеа и во Суеркпот.

Работнички во ниту еден момент не успеа да ја оспори победата на МЗТ. Екипата од Аеродорм во текот на целиот натпревар имаше предност.

Дербиот го обелжаа и инцидентите на трибините. Полицијата имаше работа со навивачката група на Работнички.

Дамјан Стојановски го предводеше МЗТ со 17 поени, поен помалку постигна Танасковиќ. Кај Работнички, Декоси имаше 17 поени, Трис уфрли 11.

Foto/ facebook.com/kkmztskopje

Scroll to Top