Top Sport

МЗТ се засили со Американците Расел и Ворку

Американци ќе ја предводат надворешната линија на МЗТ Скопје во новата сезона. Клубот се пофали дека догорил соработка со Седрик Расел (24 год, 188 см) и Ејасу Ворку (24 год, 188 см).

Расел четири сезони играч во НЦАА, во дресот на Луизијана универзитетот, каде во последната сезона имаше просек од 17 поени по натпревар. Минатата сезона го имаше првиот настап во европската кошарка и тоа во дресот на српскиот прволигаш Тамиш, каде што просечно реализираше 16,2 поени со 2,4 скока и 2,3 асистенции.

Ворку, пак, е добро познат на македонската кошаркарска јавност со оглед што предминатата сезона настапуваше за Гостивар со просек од 16,8 поени, 5,1 скока и 7,2 асистенции. Европската авантура ја почна пред три години во хрватскиот тим Забок, за потоа да направи трансфер во Задар, каде што остави повеќе од солиден впечаток.

Вчера МЗТ ја засили центарската линија со поранешните играчи на Борац Бања Лука и Леида Душан Танасковиќ и Марко Баковиќ.

Scroll to Top