МЗТ Скопје Аеродром го претстави своето најново засилување, 22-годишниот македонски репрезентативец, Андреј Магдевски, кој потпиша едногодишен договор со „металците“.
Плејмејкерот доаѓа во Аеродром како слободен играч откако минатата сезона играше за тимот на Гостивар, и тој ќе се бори за местото во првиот тим со Американецот Лестер Медфорд.
Магдевски ја мина младинската школа на Реал Мадрид, потоа извесен период настапуваше за Партизан, по што се врати во Македонија, каде што играше две години во Фени Индустри и една во Гостивар Во 2012 година доби привилегија да биде дел од кампот на Мајкл Џордан во Лондон и во Шарлот.
Магдевски е најново засилување за МЗТ, кои очигледно сакаат да ја вратат титулата, откако ги ангажираа и Љубомир Младеновски, Хрватот Иве Иванов како и Американците Медфорд и Џејмс Вудард.