Top Sport

МЗТ Скопје Аеродром го победи Арис на тестот во Солун

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со победа над Арис со 70:66 во Солун го почнаа циклусот подготвителни средби во пресрет на новата сезона.

„Металците“ одиграа одичен натпревар иако настапија без Адем Мекиќ, Еван Максвел, Самит Јигитоглу и Андреј Андоноски поради повреди, како и без Бре Ајви, кој поради семејни проблеми доби дозвола подоцна да ѝ се приклучи на екипата. Шутот од далечина беше речиси перфектен, за што потврда доаѓа од постигнатите 12 тројки, во што предничеа Дамјан Стојановски и Страхиња Миќовиќ со по три.

Домаќинот почна силно и брзо поведе 9:2, но аеродромци вратија со серија 17:7 за прво водство (19:16).

Во последниот период МЗТ Скопје дојде до највисоки 61:48, но Арис не се предаде и врати со серија 15:2 за израмување (63:63). Сепак, македонскиот првак ги реализираше следните два напади, а со тројката на Војдан Стојановски стави крај на прашањето околу победникот.

Војдан со 16 поени беше најпрецизен кај МЗТ Скопје, а двоцифрен ефект имаа и Мицовиќ со 15 и Дамјан Стојановски со 11 поени.

Scroll to Top