МЗТ Скопје Аеродром има и женски тим со кој може да се пофали. Кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром го победија Вардар со 73:57 и закажаа финале со Баскет Кам 2011 во Купот на Македонија.
Вардарки имаа и двоцифрена предност (32:16), но тоа не беше доволно за триумф.
Американскиот тандем Ли и Симонс презеде сѐ во свои раце и на крајот славеше важен триумф.
Фото: Игор Паневски