Top Sport

Поранешниот заменик на судиската комисија им се заканувал на Барселона

Хозе Марија Енрикез Негреира, поранешниот потпретседтел на судиската комисија (ЦТА) во Шпанија им се заканувал на Барселона дека ќе ги „открие“ пред медиумите откако клубот престанал да исплаќа на неговата компанија, тврди весникот „Ел мундо депортиво“, објавувајќи факс кој тој го пратил до клубот.

Барселона е под истрага за исплатата од над 1.6 милиони евра на компанијата на Негреира од 2016 до 2018 година, официјално за консултации. Барселона престанала со исплатите до компанијата „Дансил 95 СЛ“ по јуни 2018, откако Негреира си заминал од судиската организација.

Според „Ел мундо“, Барса платила вкупно 6.54 милиони евра (без даноци) на компанијаа на Негреира од 2001 година, кога Жоан Гаспарт беше претседател. Неговите наследници продолжиле со исплатата – Енрик Рејн, Жоан Лапорта (двапати), Сандро Росел, Жосеп Марија Бартомеу и Карлес Тускетс.

„Лажно и апсурдно е да мислите дека ние плаќавме на судиите“, прокоментира кратко претседателот на Барселона, Жоан Лапорта за весникот „Ла вангардија“.

Scroll to Top