Top Sport

МЗТ Скопје без право на грешка на дуелот против Сплит

Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром вечерва (19 часот) ќе го пречека Сплит во натпревар што мора да го добие ако сака да се надева на опстанок во елитаната АБА-лига. По поразот од Борац Чачак во СЦ „Јане Сандански“ пред две кола, сега избраниците на тренерот Александар Петровиќ едноставно немаат право на грешка. Со евентуален пораз ривалите би направиле голема предонст на табелата.

„Наша желба е во мечот против Сплит да излеземе со голема енергија и да дадеме се од себе и да функционираме како тим. Добро го познаваме противникот, знаеме кои се нивните најдобри страни, но и слабости кои ќе се обидеме да ги искористиме и на крајот да се радуваме. Повторно ги повикувам нашите симпатизери и навивачи да дојдат да ни помогнат. Нивната песна и тоа како ќе ни биде значајна на еден ваков натпревар“, изјави Александар Петровиќ.

Сплит има три победи и осум порази оваа сезона, а МЗТ Скопје Аеродром доколку победи ќе се израмни со ваков ефект.

Scroll to Top