Top Sport

МЗТ Скопје ја продолжи доминацијата во домашното првенство

Фото/ facebook.com/kkmztskopje

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја продолжија домонацијата во домашното првенство. Вечерва ја одбранија титулата, откако во четвртиот меч од финалната серија ја забележаа третата победа над ТФТ.

МЗТ Скопје до 12. титула во клупската историја, шеста во низа, го победи ТФТ со 77:53. Од 12. титули на екипата од Аеродром, 10 освои капитенот Дамјан Стојановски.

Четвртиот натпревар од финалната серија кошаркарите на МЗТ го решија во првото полувреме. Првиот период го добија со 23:12, а вториот со 21:14.

Војдан Стојановски беше најефикасен со 17 поени, два помалку постигна Едвин, кој беше прогласен за МВП на финалната серија.

Scroll to Top