Top Sport

МЗТ Скопје пред нов предизвик во АБА: Може ли да се изненади Цедевита Олимпија во Љубљана?

Македонскиот претставник МЗТ Скопје Аеродром денеска (18 часот) има нов голем предизвик во АБА лигата, на гостувањето во Љубљана против Цедевита Олимпија.

„Металците“ против себе имаат уште еден фаворит за највисок пласман. Добрата игра и победите над Студентски центар во АБА и над Работнички во македонскиот шампионат им даваат право на избраниците на Александар Петровиќ да веруваат во изненадување.

„Пред нас е уште еден натпревар против тим од големата јадранска четворка, кој игра во Еврокупот и кој со квалитетот дефинитивно ќе се замеша во борбата за највисок пласман во АБА. Но, сепак, во Љубљана сакаме да се надигруваме и да потврдиме дека формата ни е во нагорна линија. Наше е да одиграме тоа што ќе го договориме пред мечот, па ако ни се укаже некаква шанса да се обидеме да го изненадиме фаворитот“, изјави тренерот Петровиќ.

Во тимот на МЗТ Скопје Аеродром ќе го нема само Адем Мекиќ, кој остана во Скопје за да продолжи со рехабилитацијата, а сите останати ќе се најдат на паркетот во салата „Тиволи“.

Scroll to Top