МЗТ Скопје Аеродром ги издржа сите обиди на ТФТ Скопје за враќање во последната четвртина, за по петти пат да го освои трофејот од Суперкупот на Македонија, „Драган Василов-Цевка“, триумфирајќи со 100:82.
Во фуриозниот старт на мечот, тимот на Александар Петровиќ направи предост од 29:14, за потоа ТФТ Скопје да се обиде да фати приклучок во мечот. Во последната четвртина се влезе со 73:63 предност за „металците“, и иако клубот од Тафталиџе успеа да се доближи на само пет поени (76:71) до фаворитите, на крајот не МЗТ го крена нивото и не дозволи ТФТ Скопје да направи нова сензација како триумфот во Купот на Македонија минатата сезона.
Претходно, кошаркарките на Баскет Кам ја освоија титуата во женска конкуренција, откако во интересен и неизвесен меч во СРЦ „Кале“ стигнаа до 69:61 победа над лутите ривалки, Бадел 1862.
Фото: КФМ