МЗТ Скопе Аеродром успеа да направи „брејк“ со фантастичен камбек за 95:91 (22:30, 23:17, 22:22, 28:22) гостинска победа над Еуро Никел со која е на една победа од нова титула во македонскиот шампионат.
Еуроникел имаше одличен старт во кој во првата четвртина направија осум поени предност (30:22), пред МЗТ да се врати на минимални 47:45 на полувреме. Еуро Никел направија предност на стартот на последната четвртина, пред МЗТ предводени од Стојановски и Магдевски да направат предност која не ја испуштија до крајот.
Крстевски постигна 22 поени, Магдевски додаде 20, додека кај домаќините Соколов имаше 16 поени. Следниот меч се игра во Скопје, каде што МЗТ со победа ќе ја потврди титулата.
Фото: МЗТ Скопје