МЗТ Скопје Аеродром стигна до 73:68 победа над Сутјеска во четврт-финалето на плејофот за влез во првата лига на АБА лигата во „Јане Сандански“.
„Металците“ беа во контрола во теко на целиот меч, за во последните минути од мечот да стигнат до првото двоцифрено водство (70:60) за слатка одмазда за поразот во регуларниот дел од натпреварувањето.
Кристијан Николов со 17 поени и шест асистенции беше најефикасен за МЗТ, а Војдан Стојановски додаде 15 поени. Во полуфиналето во петок,МЗТ ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Широки Бријег и Сараево Спарс.
Фото: Игор Паневски/Топспорт