МЗТ Скопје Аеродром ќе ја брани својата шампионска титула, откако во СРЦ „Кале“ со 73:62 (18:18, 24:16, 11:20, 20:8) го совлада вечниот ривал Работнички и ја добија полуфиналната серија со 2:0.
Во поголемиот дел од мечот, МЗТ беше во водство кое го заслужи во втората четвртина, пред Работнички да се пробуди во второто полувреме, за на крајот во последната четвртина да ја покаже својата сила за финале. Противникот во големото финале МЗТ може да го добие веќе утре, кога Пелистер го пречекува ТФТ Скопје со 1:0 предност во полуфиналната серија.
Ова е 17. финале во историјата на „металците“, во кое ќе одат на јубилејната и толку очекувана „десетка“.
Војдан Стојановски и Кук има по 18 поени за МЗТ, Вере додаде 12 за МЗТ, додек за Рабтнички, Малешевиќ беше најефикасен со 14 поени, а Ѓелетовиќ застана на 13.
Фото: КФМ