Актуелниот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром ја забележа седмата сезонска победа триумфирајќи убедливо на домашен терен над Еуро Никел со 77:51 во дуелот од осмото коло. МЗТ заедно со Пелистер и Гостивар остануваат триото на врвот на првенствената табела.
Воведната четвртина од пресметката беше израмента, МЗТ ја доби со два поени разика (17:15), но веќе во вториот сегмент направи опиплива предност и на пауза отиде со плус 11. Во третата четвртина првакот ја дополни позитивата со плус 10 поени, а во завршните 10 минути МЗТ само ја потврди убедливата победа.
Робев со 17, Јигитоглу со 16 и 12 скока и Војдан Стојановски со 11 поени беше лидерската поентерска тројка во победничкиот тим.
Планиниќ беше прв стрелец кај гостите со 15 поени. Еуро Никел со биланс 4/4 е на седмата позиција на табелата.