Top Sport

МЗТ убедлив против Еуро Никел за седма сезонска победа

Актуелниот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром ја забележа седмата сезонска победа триумфирајќи убедливо на домашен терен над Еуро Никел со 77:51 во дуелот од осмото коло. МЗТ заедно со Пелистер  и Гостивар остануваат триото на врвот на првенствената табела.

Воведната четвртина од пресметката беше израмента, МЗТ ја доби со два поени разика (17:15), но веќе во вториот сегмент направи опиплива предност и на пауза отиде со плус 11. Во третата четвртина првакот ја дополни позитивата со плус 10 поени, а во завршните 10 минути МЗТ само ја потврди убедливата победа.

Робев со 17, Јигитоглу со 16 и 12 скока и Војдан Стојановски со 11 поени беше лидерската поентерска тројка во победничкиот тим.

Планиниќ беше прв стрелец кај гостите со 15 поени. Еуро Никел со биланс 4/4 е на седмата позиција на табелата.

Scroll to Top