Top Sport

На Далас не му помогна ниту одличниот Лука Дончиќ

Лос Анџелес Клиперс го победи Далас Маверикс со 113:101 во еден од најинтересните натпревари од синоќешната програма во НБА. Ниту Лука Дончиќ не им беше доволен на Мавс, кој постигна 43 поени, а имаше и 11 скока и седум асистенции.

Клиперс постојано имаа предност, која се искачи и до 22 поени позитива, а единствено што успеа Далас беше да дојде до -8 во последниот период.

Лос Анџелес Клиперс ја прекинаа серијата од шест порази, додека за Далас ова беше трет пораз во последните четири натпревари.

Домашните беа предводени од Леонард со 33 поени, девет скока и четири асистенции и Пауел со 27 поени, четири скока и една асистенција.

Што се однесува до Далас, покрај Дончиќ се истакнаа Хардавеј со 16 поени и четири скока, Динвиди со 13 поени, пет асистенции и четири скока и Вуд со 12 поени и три скока.

Филаделфија го совлада Детроит со 147:116, а во триумфот се истакна Џоел Ембиид со 36 поени, 11 скока и една асистенција.

Јута Џез славеше над Кливленд со 116:114, а прва фигура во победничкиот тим беше Донован Мичел со 46 поени, пет скока и шест асистенции.

Резултати НБА: Филаделфија – Детроит 147:116, Мајами – Оклахома 112:111, Торонто – Шарлот 132:120, Јута – Кливленд 116:114, Голден Стејт – Феникс 113:125, Портланд – Орландо 106:109, ЛА клиперс – Далас 113:101.

Scroll to Top