На денешен ден во 1964 година, во Шибеник е роден еден од најголемите мајстори на кошаркарската игра, Дражен Петровиќ, човек кој за само 29 години, колку што траеше неговиот живот до трагичната сообраќајна несреќа, успеа да го најде своето место во колективната меморија кај кошаркарските фанови низ целиот свет.
„Уживав кога играв притив Дражен. Голем играч. Не се плашеше, секогаш сконцентриран на играта. Борбен и полн со самодоверба.Секогаш кога играа нашите тимови, тој играше многу силно против мене, исто и јас против него. Поинаку против него и не можеше да играш. Нашите двобои беа максимални. Имавме неколку сјајни дуели, за жал беа тоа кратки двобои. За кратко време остави длабока трага. Без страв влезе во НБА авантурата и им покажа на останатите Европејци како моѓат да успеат тука“, изјавил во 1997 година најголемиот на сите времиња Мајкл Џордан.