Веќе 26 години 7 јуни за Хрватите е еден од најтажните денови за тамошниот спорт. На тој ден во 1993 година на автопат близу германски Инголштад во сообраќајна несреќа загина „кошаркарскиот Моцарт“, неповторливиот Дражен Петровиќ.
Тој кобниот ден се враќал од полски Вроцлав каде со хрватската кошаркарска репрезентација играл квалификациски меч, но во последен момент одлучил дека нема да патува со авион со соиграчите, туку во Франкфурт и се придружи на неговата девојка Клара.
Таа го возела автомобилот кој се заби во камион. Дражен загина на самото место на несреќата.
И денеска по 26 години, тој во Хрватска се смета за најголемиот кошаркар на сите времиња, а секако и еден од најзначајните Европејци во НБА лигата.
Со неговиот клуб Шибенка стана првак на Југославија, Цибона двапати ја водеше до европскиот трон, а освои и бројни медали со репрезентацијата на Југославија.
Со репрезентацијата на Хрватска освои сребро во Барселона. Во финалето Хрватска беше поразена од Дрим тимот на САД.