Top Sport

На лузерската низа на МЗТ Скопје и нема крај!

МЗТ Скопје Аеродром загуби и петти пат во низа во АБА2 лигата, овојпат на гости со 79:70 од последнопласираниот тим на табелата, Нови Пазар од Србија.

„Металците“, кои на почетокот на сезоната беа лидери во второрангираното регионално натпреварување, сега има пет порази во низа и сепак останува на второто место на табелата со седум поени зад лидерот Борац и само еден поен пред третопласираниот Сплит.

Во Нови Пазар, МЗТ губеше од почеток, откако првата четвртина ја заврши со 18:25, а разликата стигна до 15 поени на полувреме.  Обидот за враќање во финишот беше неуспешен, и тимот на Ѓорѓи Кочов се враќа дома со нов пораз. Феми Олуџоби беше најефикасен за МЗТ со 18 поени, а Магдевски додаде 11.

Фото: МЗТ Скопје Аеродром

Scroll to Top