Top Sport

На мечот на Звезда, Ѓоковиќ богато го награди детето што ја најде неговата платежнакартичка

Црвена звезда ја победи Валенсија со 92:73 во 31. коло од Евролигата и со тоа ја задржа шансата да се пласира во нокаут фазата на три натпревари пред крајот на регуларниот дел од сезоната.

Но шоуто на кошаркарите во преполниот „Пионир“, им го украде најпознатиот навивач на црвено-белите во светот. Пет дена откако го гледаше Партизан како го победи Олимпијакос на другата страна од Белград, Новак Ѓоковиќ сега беше сведок како клубот чиј голем навивач е убедливо ја совлада Валенсија.

На полувремето околу него се собраа десетици фанови за да се фотографираат со него, да му подадат рака, да го допираат, а некои дури и го бакнаа. Помеѓу целата сеанса на српскиот национален херој и неговите бројни обожаватели, вниманието го привлече тоа што Ѓоковиќ, по фотографирањето му пикнал 100 евра во џебот на едно од трите момчиња.

Српските медиуми пишуваат дека Ѓоковиќ тоа го направил бидејќи во паркот кај салата ја нашле платежната картичка на еден од најбогатите спортисти на светот и му ја вратиле, па тој решил да ги наградил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sport Klub (@sport.klub)

Scroll to Top