Овогодишниот Ол-стар натпревар, кој на 16 февруари ќе се игра во Чикаго, секако, ќе помине во знак на трагедијата која ја погоди НБА лигата по смртта на Коби Брајант и неговата ќерка Џана меѓу деветте загинати во хеликоптерската несреќа во Калифорнија.
НБА лигата потврди дека сите играчи во Тим Леброн, каде што ќе биде капитен Леброн Џејмс од Лејкерси ќе носат дрес со бројот 2 во чест на 13-годишната Џана Брајант, која го носеше овој број во младинските кошаркарски лиги. Тимот Јанис, каде што капитен е Јанис Адетокумбо од Милвоки, ќе го носи дресот број 24, еден од двата броеви кои што Брајант ги носеше во кариерата.
Двата тима исто така ќе имаат и лента на дресот со девет ѕвезди кои треба да ги претставуваат деветте загинати во несреќата во Калабасас, Калифорнија.
Во текот на мечот на „младите ѕвезди“ на 14 февруари, играчите на себе ќе имаат лента со броевите 2 и 24 опкружена со девет ѕвезди, а ист дрес ќе носат и учесниците на натпреварувањата во тројки и забивање на 15 февруари.
Покрај тоа, на крајот на третата четвртина на Ол-Стар натпреварот, ќе бидат додадени 24 поени на тимот кој е во водство, а првиот тим кој ќе дојде до дополнителни 24 поени ќе биде победникот.