Кошаркарскиот клуб Партизан пред неколку дена го суспендира центарот Самандро Семјуелс, поради кршење на клупската дисциплина, а тој во саботата преку „Инстаграм“ им се заблагодари на „црно-белите“ за соработката.
„Излегувам…Благодарност до Партизан што ми дозволи да го преставувам клубот. Работите не одеа според планот, но незавизно од тоа, сјајно беше искуството што бев дел од ривалството помеѓу Партизан и Црвена звезда. Ќе ги следам моите момци“, напишал Семјуелс.
Клубот и тренерот Мирослав Николиќ имаа многу замерки за центрот од Јамајка, најмногу за физичката подготвеност.
Каков ќе биде расплетот останува да видиме, но со оглед на тоа што Семјуелс се наоѓа во Јамајка, веројтно е дека Партизан ќе ја раскине соработката со него.