Top Sport

На Жалгирис му украдоа пет секунди во решавачкиот напад (Видео)

Втор пат оваа сезона во Евролигата една кардинална техничка грешка го скрои резултатот. Втор пат, од грешките корист извлече ЦСКА Москава. Интересно, двата натпревари се одиграни во Москва.

Пред еден месец записничката маса им ја „подари“ поен на кошаркарите на ЦСКА додека нивните противници од Дарушафака имаа напад. Дарушафака поради тоа грешка не доби можност да го има последниот напад и евентуално да избори продолжение, бидејќи ЦСКА имаше предност 79:75.

Кардинална грешка, записничката маса направи и синоќа на дуелот помеѓу ЦСКА и Жалгирис. Некаде на влез во последната минута, во еден од клучите напади, на Литванците им беа украдени пет секунди.

Пре водство 84:81 и напад на кошаркарите на Жалгирис, времето на семафорот одеднаш од 18 се скрати на 13 секунди. Литванците не успеаја да шутираат во предвиденото време за напад, а во наредниот напад Серхио Родрогез погоди тројка која го однесе мечот во продолжение.

ЦСКА на крајот победи 99:97.

Од Жалгирис се жалеле до Евролигата, но според правилата жалбата е валидна доколку е поднесена во текот на натпреварот, односно за време на првиот прекин.

Единствено што може да направи Евролигата е парично да ги казни ЦСКА поради грешката на записничката маса.

Scroll to Top