Денвер Нагетс му ја расипаа историската ноќ на Леброн Џејмс, кој на вечната листа, според бројот на постигнати поени, го мина Мајкл Џордан. Нагетс во Лос Анџелес ги победија Лејкерс 115:99.
Џејмс натпреварот го заврши со 31 поен и по седум скока и асистенции. Тој стигна до бројката од 32.311 поени, односно има 19 повеќе од најдобриот кошаркар во историјата (32.292). Пред него сега се уште само Коби Брајант (33.643), Карл Мелоун (36.928) и Карим-Абдул Џабар (38.387)
? @KingJames moves up to 4th on the NBA's all-time scoring list with the AND-1! ?#LakeShow @ESPNNBA pic.twitter.com/gaJW6Gt1fL
— NBA (@NBA) March 7, 2019
„Кралот Џејмс“ и покрај историското остварување нема причина за радост бидејќи извесно е дека Лејкерс нема да играат во плејофот. Лејкерс се наоѓаат на 11 позиција на Западот со 30 победи и 35 порази.
Џејмс прв пат по 2005 година нема да игра во плејофот.
Инаку Денвер Нагетс до убедливата победа ги предводеа Вил Бартон (23 поени), Џамал Мареј (19), Гери Херис (19) и Никола Јокиќ (12 поени, 17 скока, 8 асистенции, 3 блокади).
Денвер се втори на Западот со 43 победи и 21 пораз.