МЗТ Скопје Аеродром ја одигра можеби својата најдобра партија во АБА лигата оваа сезона, но за жал, заагуби со 86:90 од Будуќност во СЦ „Јане Сандански“ во меч во кој неколку пати се враќаа од голема предност на противникот.
Одлична партија имаше Војдан Стојановски со 20 поени, како и Абдул Малик Албу со 19 поени, но на крајот, црногорскиот клуб издржа и остана со победата. „Металците“ мораат да покажат ваква борбеност против релативно полесните противници за да осигураат опстанок во регионалното натпреварување.
Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк