Украинскиот кошаркар Свјатослав Михаљук кариерата ќе ја продолжи во екипата на Њујорк Никс.
Свјатослав Михаљук ја предводеше Украина до осмина-финалето каде беа елиминирани од Полска, која на крајот го освои четвртото место.
„Одличниот стрелец, поранешен студент на Универзитетот „Ју-си-ел-еј“, тој ќе стане нов член на Њујорк Никс“, пренесува Шамс Чаранија.
Михалјук минатата сезона настапуваше за Торонто Репторс, но пред почетокот на Европското првенство доби отказ и стана слободен играч.
Тој има просек од 6,6 поени, 1,8 скока и 1,4 асистенции во 220 натпревари во НБА кариерата.