Фил Најт, ко-основачот на американскиот гигант за производство на спортска опрема „Најк“ смета дека соработката на компанијата со ѕвездата на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг најверојатно е „завршена засекогаш“ по неговите контроверзни анти-семитистички ставови.
„Се сомневам дека ќе се вратиме. Не сум сигурен, но чувството е такво. Кајри ја премина црвената линија. Толку е едноставно. Имаше коментари кои не можат да се оправдаат и затоа ја прекинавме соработката“, изјави Најт за „Си-Ен-Би-Си“.
„Најк“ минатиот петок потврди дека го „суспендира“ спонзорирањето на Ирвинг, и дека се откажува промоцијата на новите патики со неговото име, откако тој преку Твитер објави линк до анти-семитистички филм, а потоа одби да се извини. Нетс исто така го суспендираа Ирвинг на барем пет натпревари.
Ирвинг имаше спонзорство со „Најк“ од 2011 година, а во 2014 година првпат беа објавени неговите патики во договор кој „тежи“ најмалку 11 милиони долари.