Чикаго Булс, изминатата ноќ, го доживеаја најтешкиот пораз на домашен терен во историјата на франшизата. Булс загубија од Бостон Селтикс со 56 поени разлика (133:77).
Во исто време Селтикс ја забележаа најголемата победа во својата историја, а според податоците на ЕСПН, тие израмниле и еден НБА рекорд.
Имено, тие го повториле подвигот на Сиетл Суперсоникс, кои во 1986 гоина славеле над Хјустон исто така со 56 поени (136:80).
Најефикасни во редовите на Бостон беа Џејлен Браун со 23, Даниел Тајс со 22 и Џејсон Тејтум со 18 поени.
Селтикс овој меч го отворија со 17:0, а го уништија противникот во последната четвртина во која постигнаа 40, а примија само 17 поени.
Чикаго Булс имаат скор од шест победи и 21 пораз, а во својот Јунајтед центар имаат 10 порази на последните 14 натпревари.