Највисокиот кошаркар во НБА лигата, Сенегалецот Тако Фол, ќе причека со дебито во најсилното кошаркарско првенство во светот. Фол на бизарен начин се здобил со потрес на мозокот.
Сенегалецот (2,26 метри) удрил во плафонот во бањата, во тренинг-центарот на Бостон, додека ги миел рацете. Ден подоцна му се слошило, поради што го пропушти првиот меч на Бостон во сезоната против Филалдлефија.
Фол се наоѓал под лекарски надзор, а тренерот Бред Стивенс рекол дека бргу ќе им се приклучел на соиграчите.
„Тако заборавил колку е висок. Ова ќе го научи да внимава, да ја наведне главата. Се надевам дека бргу ќе закрепне, ни треба неговата висина“, рекол Стивенс.
Тако Фол е највисокиот играч оваа сезона во лигата, но и петти највисок кошаркар во историјата на НБА-лигата. Листата ја предводат Георге Мурешан и Мануте Бол (2,35 метри), а зад нов се Шон Бредли и Јао Минг (2,32).