Top Sport

НАСА ќе се „докажува“ со Стеф Кари околу слетувањето на месечината

Американската вселенска агенција НАСА го покани кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари на посета во Хјустон во обид да го „разубедат“ околу неговите сомнежи за слетувањето на месечината.

Ова доаѓа откако Кари во едно интервју јасно посочи дека не верува дека Американците со технологија од 1960-тите успеале да слетаат на месечината.

„Не верувам дека сме биле на месечината. Знам дека отварам тема на теорија на заговор, но тоа е моето мислење“, изјави Кари.

НАСА сака да го демантира ова ненаучно мислење.

„Би сакале господинот Кари да дојде во ’Џонсон спејс центарот’ во Хјустон, каде што имаме стотина килограми камења од месечината. Може лично да види што е правено пред 50 години и какви се плановите за иднината“, изјави портпаролот на НАСА, Алард Бојтел за „Њујорк тајмс“.

Scroll to Top