Top Sport

Романките со маки преку Шпанија (видео)

Романија, потешко од очекувањата ја победи Шпанија со 27:25 (10:12) за да се доближи до место во полуфиналето на Европското првенство во ракомет во Франција, враќајќи се од незгодниот пораз од Холандија, прв на шампионатот во претходното коло.

Шпанките, иако официјално без шанси за пласман во полуфиналето, покажаа фантастичен ракомет во првото полувреме, правејќи предност од два поени, но на крајот Романките се покажаа како посилен тим. Романија во последното коло игра со лутите ривалки од Унгарија.

Кристина-Георгијана Неагу, во својот рекорден 38. меч на ЕП (со што се израмни со Аурелија Брадеану), повторно беше најдобра за Романките со седум гола, додека шест уфрли Крина-Елена Пинтеа. За Шпанија најдобра беше Миреја Гонзалез со шест гола.

Вечерва во 21 часот ќе има класичен дуел меѓу изненадувачки силните Холанѓанки и Норвежанките, кои пристигнаа во Франција како први фаворити, а сега имаат само теоретски шанси за пласман понатаму.

ГРУПА 2

Романија – Шпанија 27:25 (10:12)

Холандија – Норвешка 21.00 ч.

Табела: 1.Романија 6, 2.Холандија 6, 3.Германија 4, 4.Унгарија 4, 5.Норвешка 2, 6.Шпанија 0.

Scroll to Top