Top Sport

Навивач на Индијана поднесе тужба против Нуркиќ

Центарот на Портланд Трејл Блејзерс, Јусуф Нуркиќ (27) доби тужба од навивачот на кого му го фрли телефонот по натпреварот против Индијана Пејсерс одигран на 20 март. Иако не играше поради повреда, Нуркиќ влезе во конфликт со навивачот кој го провоцирал во текот на целиот натпревар.

По завршувањето на натпреварот, Нуркиќ, реагирал, најпрвин вербално, а потоа Влегол во неговото лице, а потоа го фрлил телефонот. За ваквиот потег НБА лигата го казни репрезентативецот на БиХ со 40.000 долари.

Наводно навивачот го пцуел и навредувал семејството на Нуркиќ.

Навивачот, Стивен Геске ги отфрли обвинувањата дека го сторил тоа. Тој реши да го тужи кошаркарот, но и новинарот на „Yahoo Sports“, Крис Хејнс, кој објави дека го пцуел и навредувал семејството на кошаркарот на БиХ.

Геске во тужбата наведува дека поради конфликтот со Нуркиќ добил многу заканувачки пораки, вклучително и смртни закани и сака да му се надомести за душевната болка предизвикана од заканите.

Тој, исто така, во својата тужба против Хејнс тврди дека неговиот карактер во општеството е извалкан со објавување лажни вести и исто така бара отштета и од новинарот.

Геске рекол дека има сведоци кои ќе потврдат дека никого не навредил и дека се што кажал било шега.

Стивен Геске е тренер на лакрос во локалното средно училиште и е голем фан на Индијана Пејсерс.

Scroll to Top