Top Sport

Хамилтон најбрз на тренинзите во Шангај

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, беше најбрз на првите тренинзи во Шангај, во пресрет на трката за Големата награда на Кина.

На првиот тренинг актуелниот светски првак оствари време 1:33.999 минути. Втор беше Кими Раиконен од Ферари, а трет тимскиот колега на хамилтон, Валтер Ботас.

Финецот од Ферари имаше послабо време од Хамилтон за 0,359 секунди, а неговиот сонародник од Мерцедес доцнеше за 0,448 секунди.

На првиот тренинг победникот на првите две трки во сезоната, Себастијан Фетел, имаше послаб резултат од Британецот за 0,862 секунди.

фото: EPA

На вториот тренинг Хамилтон за половина секунда го подобри резултатот од првиот тренинг. Најбрзиот круг го извозе за 1:33.483 минути, но своите резултати значително ги поправија Раиконе, Ботас и Фетел.

Раиконен доцнеше за 0,007 секунди, Ботас за 0,033, а Фетел за 0,182 секунди.

Хамилтон во кариерата пет пати победил на трката за Големата награда на Кина. Британецот во Кина настапил 11 пати и забележал шест пол-позиции.

Инаку, квалификациите за трката во Шангај ќе се одржат утре со почеток во 8 часот, а трката се вози в недела од 8:10 часот.

Scroll to Top