На сајтот на Евролигата, навивачите го одбраа тимот на деценијата во кошаркарскиот клуб Црвена Звезда.
Фановите можеа да гласаат за играчи кои во „црвено-белиот“ дрес настапувале во периодот меѓу 2010. до 2020. година.
Во идеалниот тим се одбрани шестмина домашни кошаркари, и четворица странци.
Втората листа ја предводи поранешниот капитен на мекедонската кошаркарска селекција, актуелен прв човек на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ.
Покрај Антиќ, во најдобрите 10 имаше место и за Чарлс Џенкинс, Квинси Милер и Мајк Цирбес.
Од домашните кошаркари, најголем број гласови добија Бобан Марјановиќ, Никола Калиниќ, Стефан Јовиќ, Марко Симоновиќ, Марко Гудуриќ и Василије Мициќ.
The @kkcrvenazvezda 'All-Decade' team in FULL!#EUROLEAGUEUNITED pic.twitter.com/pBN9M5SdRV
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) August 17, 2020