Навивачите на ЛА Лејкерс, поради лошата сезона на клубот, организирале протест пред „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес.
На протестот најмногу критики биле упатени кон сопственичката Џини Бас, која е ќерка на поранешниот газда Џери.
„Одлуките што менаџментот во моментов ги носи се резултат на непотизам, а не на кошаркарско знаење и способноста да се управува со еден тим“, рекол организаторот на протестот Чарли Риверс, инаку студент на универзитетот Аризона.
Еден друг навивач изјавил дека погрешна била одлуката во имот да дојде Леброн Џејмс.
„Знаете што? Ние сакаме ѕвезда. Сакаме уште еден слободен агент. Или Кеј Ди (Кевин Дурент) или Кајри (Ирвинг)“.
Лејкерс зад себе имаат лоша сезона, која ја завршија на 10 место во Западната конференција. Сезонава Лејкерс забележаа 37 победи и 45 порази.
Поради тоа отказ доби тренерот Лук Волтон, а набргу оставка си поднесе и претседателот на кошаркарските операции Меџик Џонсон.
I asked these Lakers fans what they hope to accomplish with this protest pic.twitter.com/0JQVJmNeub
— Ali B (@ali_behpoornia) May 10, 2019