Top Sport

Навивачите на Партизан направиле хаос во Шпанија: Ја шутирале оградата, а еден навивач бакнал вработена па е уапсен

Кошаркарите на Партизан загубија со 84:83 во Виторија од Басконија во шестото коло од Евролигата, а црно-белите навивачи направија хаос на трибините. Баскискиот клуб го осуди потегот на гостите.

Се играше последниот дел кога двајца навивачи на гостинскиот тим направија хаос во арената Фернандо Буеса.

Весникот „БасеткЊуз“ пишува дека навивачите на Партизан ја шутнале оградата и седиштата кои во таа прилика биле оштетени.

Обезбедувањето било принудено веднаш да реагира, а при тој конфликт еден од навивачите се доближил до една од вработените од обезбедувањето и двапати ја бакнал. Поради ова му ставиле лисици на рацете, а денеска ќе се појави на суд.

По се што се случи, Басконија објави официјално соопштение во кое го осудува недоличното однесување на навивачите на Партизан.

– Саски Басконија ги осудува инцидентите на навивачите на Партизан на вчерашниот натпревар од Евролигата во Буеса Арена. Веднаш имаше реакција на полицијата која против насилниците презеде соодветни мерки. Ја изразуваме нашата целосна поддршка на нападнатиот и повторно ги осудуваме сите видови насилство. За ваквото однесување нема место ниту во спортот, ниту во која било област од животот – се вели во соопштението.

Scroll to Top